Само прашање на време беше кога ќе се случи неизбежната „експлозија“. Џавел Мекги не можеше повеќе да ги трпи прозивките од Шекил О’Нил.
Легендарниот НБА центар со години го исмева центарот на Голден стејт во својата емисија на телевизија ТНТ, за да по последната емисија Мекги жестоко го „исплука“ О’Нил преку својот Твитер профил.
Секако, на тоа не остана нем и Шекил, па сето тоа доби еден чуден тек со многу навреди…
„Шек, извади ги моите ј..јца од уста. И пуши к..“ – го започна Мекги препукувањето и продолжи: „Размислите околу ова… Се буди и секој ден прва работа на која мисли сум јас. Нели ви е тоа чудно?“
Џавел потоа беше и малку ироничен употребувајќи „гиф“ со Џек Николсон…
На сето тоа следеше одговорот на Шекил О’Нил.
„Џавел, немој да ми глумиш некое крими-момче, има да те убијам од ќотек. Ти на крајот ќе бидеш тој кој ќе изгледа глупаво, глупаку еден“ – му одговори Шек, и продолжи:
„Џавел, сега бидејќи играш во добар тим ми глумиш и добар играч. Но, ти тоа не си. Тебе ќе те паметат само по мојата емисија“.
По ова, не се чекаше долго на одговор од центарот на Голден стејт…
„Опа, сега и се закануваш на луѓето? Одје.и ти старо копиле, нема ти ништо да направиш. Продолжи само да ги забавуваш луѓето“.
„Ќе те видам колку ќе бидеш силен кога ќе те сретнам некаде, кловну еден. Пропалицо“ – му реплицираше повторно и Шек.
Очигледен е револтот меѓу двајцата, а американската кошаркарска јавност очекува и продолжување на преписката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА