Мекгрегор доби суспензија за тепачката со Нурмагомедов

Конор Мекгрегор е казнет со суспензија од шест месеци за инцидентите што се случија по завршувањето на борбата со Хабиб Нурмагомедов, кога по триумфот на рускиот борец дојде до масовна тепачка во октагонот, како и на трибините.

Мекгрегор се степа со членови на тимот на Нурмагомедов, поради што му беше изречена казна од половина година. Бидејќи суспензијата се брои од денот на тепачката, Мекгрегор ќе има зелено светло повторно да се бори во УФЦ на 6 април. Покрај тоа, ирскиот борец ќе треба да плати и парична казна од 50.000 долари.

Претходно, Нурмагомедов како главен виновник за хаоссот по борбата беше казнет со деветмесечна суспензија и парична казна од 500.000 долари.

Се вчитува...