Мекгрегор ги изгуби нервите: Со „сочни“ пцовки ја поздрави сопругата на Поире, а на крај го „пецна“ и со клоца (ВИДЕО)

Фановите на ММА борбите од УФЦ серијата со нетрпение го очекуваат неделниот спектакл помеѓу Конор Мекгрегор и Дастин Поире, во чиј пресрет ноќеска се одржа официјалната прес-конференција на која се случи вистински хаос.

Британецот беше тој што ја навредуваше сопругата на противникот, а имаше и неуспешен обид да го клоцне.

„Сакам да му ја скинам главата, тоа е мојата цел. Се ближи крајот на Поире. Неговата сопруга е машкото во нивниот брак, тој е едно обично пи*е“, изјави меѓу другото Мекгрегор, пишувајќи потоа дека сопругата на противникот сака да има орален секс со него.

Ова ќе биде трет меѓусебен дуел помеѓу двата големи ривали. Првиот во 2014 година го доби Мекгрегор со нокаут, а вториот, во јануари годинава, го доби Поире на идентичен начин.

 

 

Се вчитува...