Мекгрегор го „пецна“ Волкановски: Ќе му ја шутнам главата како рагби топка…

Александер Волкановски викендот успеа да издвои голема победа против Брајан Ортега на УФЦ 266, а на тој ја задржа титулата во својата категорија. За потсетување, овој појас пертходните години приоаѓаше на Конор МекГрегор.

Токму Ирецот испрати провокација до актуелниот шампион, кој има македонски корени.

„Ќе му ја шутнам главата на овој Волкановски како да шутирам рагби топка“ , порача МекГрегор.

На тоа Волкановски одговори џентлменски и му порача на својот ривал да се сретнат во октагонот.

„Ако сака да се врати, добредојден е. Имам стратегија, очигледно сум тежок противник. Јас сум далеку поразличен ѕвер од противниците со кои е навикнат во оваа дивизија“ , рече австралискиот борач.

 

 

 

 

Се вчитува...