УФЦ ѕвездата Конор МекГрегор се подготвува за враќање на борбите. Ирецот на Твитер неодамна го објави датумот кој се претпоставува дека ќе биде негово враќање, а се работи за 14. декември.
Но, МекГрегор го шокираше светот затоа што нема да се врати во ММА меч, туку во класична бокс пресметка против Лук Килер. Конор и Килер почнаа преговори за меч на 14. декември за кој наскоро треба да се соопштат деталите.
Dublin, December 14th.
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) September 16, 2019
Килер, пак, претходно информираше дека имал жестока вербална телефонска расправија со МекГрегор, па на крај се договориле за борба па таму да се види кој е кој.
МекГрегов веќе имаше еден излет во бокс. Во 2016 година загуби од легендарниот Флојд Мејведер. Во тој меч ирскиот ММА борец покажа завидна вештина, но едноставно беше преслаб за еден од најдобрите боксери на сите времиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА