Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов ги завршија задолжителните мерења пред нивниот меч што ќе се одржи вечерва во Лас Вегас (5.00 часот по средноевропско време), најавен како најголем спектакл во историјата на УФЦ.
На мерењето, 30-годишниот Нурмагомедов пристигна една минута пред истекот на времето, а вагата покажа дека Русинот има точно 70.3 кг што е горната граница за настап во меч за титула. Во минатото тој имаше проблеми со симнувањето на тежината пред мечот со Тони Фергусон и требаше да се откаже од борбата за УФЦ 209.
Мекгрегор се качи на вагата еден час подоцна од својот ривал и тој немаше проблем со своите 69,9 кг.
Пресметката меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор е една од најдолго очекуваните во УФЦ и се очекува да биде надминат рекордот на гледаност и приходи.
Ривалството меѓу Мекгрегор и Нумагомедов има длабоки корени. Психолошката воја меѓу двајцата борци почнапред две години кога Русинот покажа дека ќе биде водечки фактор во лесна категорија, како прв борец од УФЦ што станал шампион во двтее категории во исто време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА