Дастин Поаирие не успеа да го освои УФЦ насловот во лесна категорија откако загуби во само три рунди од Хабиб Нурмагомедов.
Но, наспроти и тој пораз, на Твитер изрази желба за борба против Конор МекГрегор против кого се бореше и загуби во 2014 година. МекГрегор се спомнува и како можна опција за следен противник на Хабиб.
„Мислам дека реванш против Конор има смисла во овој момент“ – напиша Поирие, на што веднаш доби одговор од МекГрегор.
„Пријателу, го избришав подот со тебе за 90 секунди. Би требало да го изговараш моето име со поголема почит. МекГрегор не е следен. Курвин сине, МекГрегор е секогаш! МекГрегор е цел! Засекогаш! Кажи го тоа и можеби ќе размислам за борба“ – му врати МекГрегор.
I think me and Conor running it back makes a lot of sense at this point.
— The Diamond (@DustinPoirier) September 10, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА