Мекгрегор не се наоѓа меѓу најдобрите во УФЦ, ама е најплатен спортист на светот (ФОТО)

Контроверзниот ММА борец, Конор Мекгрегор не е ниту меѓу најдобрите во УФЦ, па иако пред него има многу посилни, тоа не е проблем тој да биде лидер на листата со најголема заработка, и тоа не само во серијата УФЦ туку во компелтниот светски спорт.

Според „Форбс“, Мекгрегор, кој дури планира да стане најголем поединечен акционер на Селтик, а и да купи акции во Манчестре јунајтед, годишно има заработка од 180 милиони долари, дури 50 милиони „зелени банкноти“ од најголемата фудбалска ѕвезда Лионел Меси, кој има 130 милиони долари годишно, а трет е најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо со 120 милиони „зелени банкноти“.

Угледниот американски бизнис и економски магазин рангирањето на најплатените спортисти на светот го направи за периодот од 5 јануари лани до 5 јануари оваа година.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

Се вчитува...