Поранешниот УФЦ шампион во мешовитите боречки вештини, Конор Мекгрегор нема да се соочи со обвинение за сексуален напад.
Мекгрегор, како што е познато, беше обвинет од страна на девојка за сексуален напад за време на јунското НБА финале на Флорида, но обвинителите официјално соопштија дека нема докази за такво нешто.
24-годишна девојка го обвини Мекрегор дека ја нападнал во тоалетот за време на НБА финалето во салата на Мајами хит, Мекгрегор потоа ги негираше обвинувањата а сега се е завршено со отфрлање на постапката од страна на обвинителството од Флорида.
Сепак, по деталната истрага може да се забележи преку надзорните видео камери дека Мекрегор заедно со девојката влегуваат во тоалетот, но апсолутно нема докази за никакво кривично дело.
Мекгрегор не се натпреварува во УФС од јули 2021 година кога ја скрши ногата во борбата против Дастин Поарје. Сега сака да се врати на натпреварувањето, а минатата недела беше и дел од групата за тестирање на Американската антидопинг агенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА