МекГрегор побара реванш со Нурмагомедов, и тоа во Русија

Хабиб Нурмагомедов синоќа славеше против Дастин Порие во три рунди одбранувајќи ја УФЦ титулата во лесна категорија.

Сето тоа не остана непремолчано од неговиот најголем ривал Конор Мекгрегор кој веднаш се огласи преку социјалните мрежи барајќи реванш против Нурмагомедов.

Мекгрегор веќе еднаш загуби од Хабиб, а Ирецот сега бара уште еден меч за да му докаже на Дагестанецот дека е подобар од него. И тоа на негов терен во Русија…

„Резервирај ми реванш меч во Москва“ – напиша МекГрегор.

Се вчитува...