Конор Мекгрегор само што се врати од САД, а веќе си создаде големи проблеми во Ирска. Поранешниот УФЦ шампион е осомничен за брутално претепување на еден од гостите на локален паб во Марбл, Даблин. Случајот е под истрага.
Во последните неколку недели Мекгрегор е постојано во центарот на вниманието, иако од борбата со Нурмагомедов помина повеќе од половина година. Прво се водеше истрага за сексуално насилство против него, во меѓувреме успеа да го уништи телефонот на свој верен навивач, па ја заврши кариерата, но по една недела најави враќање во рингот. Исто така ја навреди и сопругата на неговиот лут ривал Нурмагомедов, исмејувајќи ја шамијата во која беше облечена за време на една веселба.
А, сега од страна на полицијата има истрага за него за насилство. УФЦ ѕвездата во пијана состојба се забавувал во пабот, кога еден од гостите го испровоцирал: „Русинот те здроби”… Навредениот Мекгрегор го удрил со тупаница во лицето. Полицијата покренала официјално истрага, иако никој не бил уапсен за инцидентот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА