Пандемијата на коронавирусот, безмалку, го блокираше целиот свет. Владите, посебно во Европа, секојдневно предупредуваат на значењето на социјалната дистанца, но во одредени земји се уште е дозволен патничкиот сообраќај.
ММА борецот, Конор МекГрегор се разбесна по веста дека во Ирска со траект пристигнали стотици Англичани. Силно распали по Владата на Ирска која дозволува неодговорно однесување, односно влез на туристи во Ирска.
„Не можете на некои да ги молите да се придржуваат на мерките и да ги казнувате, а на други да им дозволувате се и сешто. Стотици лица пристигнаа на одбележување на велигденските празници викендов, а други се казнуваат зошто прошетале малку подалеку од своите домови. Тоа нема смисла. Ако е така, јас сега одам во Блекпул, ако мора така да играме“ – напиша МекГрегор на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА