Мекгрегор се спаси од затвор, но бесот ќе мора да го контролира

Ирскиот ултимејт борец, Конор Мекгрегор, се спаси од затворска казна што му се закануваше во Њујорк. Мекгрегор се спогоди со обвинителите приознавајќи ја вината за кршење на јавниот ред и мир во април годинава.

Двојниот ММА шампион со својата придружба ги нападна другите натпреварувачи на една УФЦ борба во Бруклин при што беше направена и материјална штета на автобусот во кој шти се возеа.

Мекгрегор ќе мора да ја плати штетата за автобусот и пет дена неделно да извршува „општествено корисна работа“, но и да посетува часови за контрола на бесот. За возврат контроверзниот борец нама да има криминално досие и казната нема да му ја загрози американската виза.

Ирецот им се заблагодари на судиите и на обвинителите што му „дозволиле на продолжи понатаму“. Ако не ја прифатеше вината и спогодбата, на Мекгрегор му се закануваше максимална казна од седум години затвор.

Се вчитува...