МекГрегор во нов скандал: Тепачка во клуб, забава со ѕвезда па жени на јахта

Конор Мекгрегор предизвика уште еден хаос – овој пат во познатиот ноќен клуб „Пача“ на Ибица, каде што беше виден како удира гостин на подиумот за танцување. Само неколку дена подоцна, ѕвездата на ММА беше фотографиран како се релаксира на јахта со партнерката Ди Девлин.

Сликите што станаа вирални го покажуваат контроверзниот борец на УФЦ со видлива модринка под окото додека страсно ја прегрнува и бакнува долгогодишната девојка Ди Девлин.

Двојката, која е заедно од 2008 година, се сврши во 2020 година во Франција, а овие денови ужива на луксузна јахта во шпанско одморалиште. Мекгрегор (36) наводно физички нападнал гостин на клубот „Пача“ во раните утрински часови во вторник. Видеата го покажуваат како ја става раката околу рамото на непознат маж, а потоа го удира со левата рака додека во десната држи чаша алкохол.

Сè се случило во 5:53 часот наутро, додека музиката сè уште одекнувала од звучниците.

По првиот удар, Мекгрегор продолжил со ударите оставајќи го човекот на подот. Гостите тврделе дека борецот веднаш бил опкружен од неговата придружба, додека нападнатиот човек бил исфрлен од клубот.

„Очигледно му било кажано нешто што го налутило, а тој реагирал многу лошо“, изјавил еден сведок за „Сан“.

„Човекот паднал на подот, неговите пријатели го кренале и го однеле. Немало последици за Конор, но никогаш повеќе не го видовме човекот.“

Денови по инцидентот, Мекгрегор и Девлин биле фотографирани на јахта, видно расположени.

На фотографиите се гледа како ММА ѕвездата ја прегрнува својата партнерка, ја бакнува во вратот, а потоа танцува со неа. На неговото лице може да се види црвена дамка – веројатно од претходен инцидент.

Контроверзниот инцидент се случил само неколку часа откако Мекгрегор бил виден како се забавува со британската ѕвезда Кејти Прајс на популарната плажа О Бич, која ја води Вејн Линекер.

Се вчитува...