МекГрегор заборави на ривалството: Тажен сум, се молам за семејството Нурмагомедов

Конор МекГрегор и Хабиб Нурмагомедов се едни од најголемите ривали кои светот на спортот ги познава. „Војната“ на Ирецот и Дагестанецот досега не беше само во октагонот. Многу навреди на лична основа си сервисираа меѓусебно изминативе години кои ги надминуваа линиите на основна етичност.

Сега семејството Нурмагомедов минува низ крајно тежок период, затоа што таткото на Хабиб, Абдулманап Нурмагомедов се уште е во тешка состојба хоспитализиран во болница во Москва борејќи се за својот живот. Според последните информации на Абдулманап во Москва е извршена хируршка интервенција на срцето, но за време на операцијата дошло до влошување на состојбата и мозочен удар по кој беше во кома.

Токму затоа сега МекГрегор одлучи да го заборави големото ривалство и да ја покаже својата подобра страна.

„Се молам за опоравување на Абдулманап Нурмагомедов, човек кој е заслужен за голем број светски шампиони во различни боречки вештини, вистински генијалец. Многу му растажи тоа што го слушнав. Сега се молам за целото семејство Нурмагомедов“ – се зборовите на Конор МекГрегор.

 

Се вчитува...