Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ и неговиот Задар стигнаа до нова победа во хрватскиот шампионат откако денеска славеа на гостувањето кај Цедевита со убедливи 78-94.
Гостите од Задар фуриозно го стартуваа мечот и по само десет минути игра веќе имаа убедлива предност од плус четиринаесет 15-29. До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 78-94.
Мекиќ имаше солидна партија во која натпреварот го заврши со десет поени, надополнети со две асистенции и еден скок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА