Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ е многу блиску до потпис на договор со ТФТ, откако преговорите меѓу крилниот кошаркар и актуелниот вицепрвак на Македонија влегоа во завршна фаза.
Мекиќ беше поврзуван со ваков трансфер и пред куп-завршницата, но тогаш по раскинот на договорот со Бора од Косово приоритет му беше нов странски ангажман. Откако таа опција не се реализираше, Адем повторно се фокусираше на камбек во мак-баскетот, давајќи предност во преговорите на тимот на ТФТ.
Тoj мина околу еден месец во дресот на ТФТ на почетокот од минатата сезона, имаше сосема солидни бројки, но тогаш реши да си замине во потрага по странски трансфер.
Нема сомнеж дека доколку успее да го потпише Мекиќ, ТФТ ќе добие огромен адут во трката за што подобар пласман во клучниот дел од оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

