Адем Мекиќ е најекспонираниот кошаркар во македонската репрезентација во претквалификации преку кои се обезбеди пласман во квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година, согласно статистичките показатели заокружени по одиграните четири натпревари.
Крилниот кошаркар одигра во просек по 34.5 минути по натпревар, значително повеќе во однос на Бојан Крстевски кој е вториот и последен кој на теренот поминуваше повеќе од 30 минути.
Мекиќ е и најефикасен играч во овие натпревари, застанувајќи на просечни 15 поени по натпревар. Зад неговиот, се ефектите на Џејкоб Вајли (12.5) и на Бојан Крстевски (12.3). Тој е и трет скокач во репрезентацијата со просечни 4.5 скока.
Севкупно гледано, највисок индекс на корисност има Вајли – просек од 17 индексни поени, пред Мекиќ кој има 14, и капитенот Бојан Трајковски со 12.
Американецот со македонски пасош е нашиот најдобар скокач, во просек реализираше по 7.3 скока по меч, а Бојан Крстевски има по 4.8.
Кристијан Николов е нашиот најдобар асистент на турнирот во Скопје. Младиот бек во просек реализираше по 4.8 асистенции. Андреј Магдевски имаше една помалку, а Бобан Стајиќ уште по 3.3 додавања.
Македонија противниците за квалификациите за СП 2023 ќе ги дознае на 31. август, кога е закажана ждрепката за квалификациските натпревари во осумте натпреварувачки групи.
НАЈДОБРИ ПОЕДИНЕЧНИ ЕФЕКТИ
ИНДЕКС НА КОРИСНОСТ
Џејкоб Вајли 17.0
Адем Мекиќ 14.0
Бојан Трајковски 12.0
ПОЕНИ
Адем Мекиќ 15.0
Џејкоб Вајли 12.5
Бојан Крстевски 12.3
СКОКОВИ
Џејкоб Вајли 7.3
Бојан Крстевски 4.8
Адем Мекиќ 4.5
АСИСТЕНЦИИ
Кристијан Николов 4.8
Андреј Магдевски 3.8
Бобан Стајиќ 3.3
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА