Задар на македонскиот интернационалец Адем Мекиќ стигна до голема победа во 10. коло од АБА лигата откако славеше на гостувањето кај Цедевита Олимпија со 73-79.
По изедначената прва четвртина (17-18), Задар успеа да стигне до натпревар на повеќе од еден посед на полувремето (31-36), а потоа и да ја зголеми предноста на највисоките „плус“ седум (45-52) во третата четвртина. Сепак словенечкиот тим се врати во игра па и ја превзема предноста за 62-59, но завршницата на натпревар одново им припадна на Хрватите кои со мини серии не дозволија неизвесна завршница.
Мекиќ на натпреварот настапи само четири минути во кои забележа само еден скок, додека во задарскиот тим одново блесна Лука Божиќ, овој пат со 32 поени, 8 скокови и 4 асистенции. Лидер на Цедевита Олимпија беа Кобс и Радовиќ со по 15 поени.
VELIKA POBJEDA U LJUBLJANI, TREĆA OVOG TJEDNA!!! #IgrajZadre 💙🤍 pic.twitter.com/ETNiucxvhn
— KK Zadar (@kkzadar) December 3, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА