Meкиќ и Задар обезбедија финале во Купот на Хрватска

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ и неговиот Задар ќе играат во финалето на националниот куп на Хрватска откако вечерва во полуфиналниот дуел славеа против Цедевита со 72-83.

Кошаркарите на Задар иако беа фаворити на овој меч, многу споро го стартуваа истиот па на полувреме помалку и изненадувачки имаа двоцифрена негатива (45-35). Сепак, како одминуваше мечот така Мекиќ и соиграчите фаќаа залет и на крајот без поголеми проблеми стигнаа до конечен триумф од 72-83.

Нашиот репрезентативец на теренот помина десет минути во кои забележа два поени и три скока. Најефикасен кај победникот беше Лука Божиќ со 34 поени, додека кај поразените Сандро Рашиќ постигна 26 поени.

 

Се вчитува...