Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ и неговиот Задар забележаа нов пораз во АБА лигата откако вечерва загубија на гостувањето во Бар кај Морнар со 86-80 во меч од 16. коло во регионалното натпреварување.
По израмнетото прво полувреме по кое домаќините на пауза заминаа со само два поени предност (44-42), во вториот дел одиграа едно ниво погоре и на крајот заслужено стигнаа до само втората победа сезонава во АБА. Мекиќ на терен помина скоро девет минути во кои запиша три поени, еден скок и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА