Македонскиот кошаркарски репрезентативец и неговиот Задар со стил стигнаа до титулата во хрватскиот шампионат, откако во финалната серија со „метла“ го почастија Сплит.
Откако славеа на двата меча на гостински терен, вечерва Задрани со стил стигнаа до триумфот откако во решавачкиот трет меч го декласираа противникот со 99-62.
Уште од самиот старт домаќините почнаа фуриозно, а веќе на полувреме ја имаа осигурано титулата откако на пауза заминаа со предност од 51-26.
До крајот само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 99-62 и четврта титула во клупската историја. Адем Мекиќ повторно имаше солидна партија, а натпреварот го заврши со девет поени, надополнети со три скока и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА