Мекиќ: Местото на мак-кошарката не е во ова друштво…

Адем Мекиќ одигра одличен натпревар за Македонија на гостувањето во Баку, воедно и постигнувајќи ја клучната со која беше ставен печат на победата, четврта по ред во овој претквалификациски циклус.

„Црвено-жолтите“ имаат максимален ефект во групата и речиси сигурно ќе го освојат првото место со кое имаат загарантирано учество во главната квалификации за Евробаскет 2029.

„Ова е исклучително важна победа за нас бидејќи, реално, не припаѓаме во ова друштво и мораме тоа да го докажеме на теренот. Влеговме во грч, не отворивме како што посакувавме, едноставно ни недостасуваше енергија. Од друга страна, домаќинот, понесен од поддршката од трибините, почна силно, агресивно и брзо направи висока предност. Како што одминуваше времето, се навикнавме на играта, го свртевме резултатот во наша корист и ние го диктиравме темпото“, истакнува Мекиќ.

Македонија го почна мечот катастрофално, имаше и негатива од 18 поени, што според крилниот кошаркар се должеше и на опуштеноста во нашата игра во првото полувреме.

„Да бидам искрен, малку опуштено влеговме во мечот. Можеби не залажа фаворитската улога и убедливата победа на домашен терен, но добро е кога добро ќе се заврши. Се надевам дека ова е клучна победа во овие претквалификации и дека конечно ќе продолжиме напред“, искрен е Адем Мекиќ.

Се вчитува...