Македонската кошаркарска репрезнетација претквалификациите за Евробаскетот 2025 ги продолжува денеска во Гевгелија од 19 часот со натпревар против досега непоразената Норвешка.
Пред нашите репрезентативци е голем предизвик за славје во натпревар од огромна важност за исполнување на амбицијата – освојување на првото место во групата, а Адем Мекиќ кој го пропушти претходниот собир поради повреда верува дека
„Пред се, сакам да напоменам дека по подолга пауза многу ми е мило што сум назад во тимот и во репрезентацијата. Пред нас е очигледно тежок натпревар со делителот на првото место во групата заедно со нас, тимот на Норвешка. Се работи за сериозен тим со брза и сериозна кошарка, со самодоверба и слобода во нападот, предобро воиграна транзиција, но на нас е да ги оправдаме очекувањата и да го одбраниме домашниот терен. За нас е многу важен дуел овој со Норвешка. Спремни сме да го оправдаме, да кажам, донекаде, епитетот на фаворит и на домашен терен. Атмосферата во екипата е одлична и се надевам на победа“, вели Мекиќ.
„Вообичаено за нас е да ни фалат играчи, но што е, тука е, нема предавање. Мора да се прилагодиме, сите кои сме тука во моментов, сме најдоброто од Македонија. Мора да дадеме 100% и да сме чисти пред себе. Новиот Американец Ти-Џеј е одличен човек, се вклопи брзо во националниот тим, за неговите играчки квалитети не треба многу да зборуваме, гледаме како тој ја почна оваа сезона во Бундеслигата и како игра во лигата. Сигурно е дека неговите способности ќе ни бидат многу значајни за тимот, посебно во отсуството на Ненад Димитријевиќ.
Македонија е кошаркарска нација, надворешните градови можеби и повеќе се радуваат на вакви натпревари и настани. Сигурен сум дека ќе имаме полна трибина и поддршката многу ќе ни значи“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА