Адем Мекиќ го одигра својот најдобар натпревар во дресот на Задар откако македонскиот репрезентативец го предводеше својот тим до триумф над Боско во рамките од хрватскиот шампионат (105-64).
Мекиќ се најде во стартната петорка на Задар, одлично се снајде на теренот доминирајќи во дуелите со послабиот противник, чиј отпор беше скршен уште во првата четвртина што домаќините ја добија со убедливи 29-12. На одмор се замина со убедливи „плус 30“ (58-28), разлика што Мекиќ и соиграчите дополнително ја зголемија до самиот крај.
Нашиот интернационалец беше избран за МВП на мечот собирајќи најмногу индексни поени, вкупно 28, откако натпреварот го заврши со дабл-дабо од 18 поени и 11 скокови, надополнети со пет украдени топки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА