Македонските кошаркари утре (18 часот, СРЦ Кале) ќе излезат на мегдан со Литванија, во обид да го изненадат фаворитот и да стигнат до позитивен резултат со кој би останале во игра за билет за Евробаскет 2025.
Бројните проблеми со составот и неиграњето на клучните кошаркари е сериозен проблем за „црвено-жолтите“, но оние кои ќе излезат на терен утре се решени да го дадат максимумот и да се обидат да ги замрсат сметките на фаворитот.
„Литванија е една од најсилните репрезентации во светот, а дуелите со неа се од исклучително значење за нас. Имавме успех на гостувањето во Полска, ќе мораме сите да бидеме на висина на задачата, да дадеме 200% од нашите можности, и да се обидеме да изненадиме барем на домашен терен. Како репрезентација, мораме да бидеме агресивни, секако дека го респектираме противникот, но не треба да се повлечеме. Мораме да веруваме во позитивен резултат“, изјави Мекиќ во пресрет на утрешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА