Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ имаше нов одличен настап во хрватското првенство откако во последното коло од регуларниот дел од сезоната му донесе победа на неговиот Задар од 66-76 на гостувањето кај Фурнир.
Мекиќ со 12 поени беше второ име во својот табор, а подобар од него беше единствено Дејвис кој мечот го заврши со 14 поени.
Мекиќ и Задар плеј-офот ќе го стартуваат од втората позиција и за противник во полуфиналето ќе ја имаат Цибона.
Вториот полуфинален пар го сочинуваат Сплит и Цедевита.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА