Мекиќ: Оставивме срце на терен, но го плативме данокот на неискуство

Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да стигне до триумф на отворањето на претквалификациите за СП 2027 откако вечерва по голема битка загуби од Романија со 72-80.

„Црвено-жолтите“ покажаа максимална мотивираност и борба, но загубија здив во последните пет минути кога гостите се одлепија и на крајот стигнаа до незаслужено убедлива победа во Куманово.

„Тежок натпервар за нас, многу физички напорен. Тие имаа предност од физички аспект, имаа бројни поени од втора шанса, но мислам дека покажавме борба, енергија. За жал, тоа неискуство го плативме во дадени ситуации, топката не ни беше сојузник кога беше најважно и се тоа придонесе да го загубиме мечот. Секој еден од нас даде 100% од себе, го оставивме срцето на терен, се надевам дека јавноста го препозна тоа и дека наградата за овие добри игри ќе ни дојде во не така далечна иднина“, истакна Адем Мекиќ, кој го заврши натпреварот со 10 поени и 7 асистенции.

Се вчитува...