Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ го одигра најдобриот натпревар по враќањето во редовите на хрватскиот Задар.
Задар славеше во домашниот шампионат против Кварнер со 90-78 во натпревар од 24. коло во Хрватскиот кошаркарски шампионат.
Нашиот кошаркар беше најдобар поединец во својот тим завршувајќи го мечот со 15 поени, 10 скока, четири асистенции и една украдена топка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

