Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ со својот Задар дојдоа до трофејот во Купот „Крешимир Ќосиќ“ во Хрватска.
Во финалето кое се играше во Сплит, Задар сосеба заслужено дојде до победа од 80-68 против загрепска Цибона.
Мекиќ имаше споредна улога во финалето, одигрувајќи само две минути на паркетот и завршувајќи без поени на мечот на кој доминираше Лука Божиќ со прв „трипл-дабл“ во историјата на финалето на Купот „Крешимир Ќосиќ“ со 27 поени, 10 скока и 10 асистенции. Аријан Лакиќ постигна 19 поени, а кај Цибона најдобар беше Радовчиќ со 17 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА