Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со пеколниот ритам на натпревари, па веќе вечерва (20 часот) ги очекува нов предизвик во АБА-лигата, гостување против екипата на Задар.
Хрватскиот претставник изненади со одлични партии од стартот на сезонава, во првите десет кола има скор 6-4, наспроти 2-8 на македонскиот шампион, но во таборот на МЗТ Скопје веруваат дека можат да изненадат и да стигнат до победата.
„Против себе ќе имаме физички многу силна екипа, која игра со голема самодоверба пто се гледа и преку големиот број победи, меѓу нив и онаа над евролигашот Црвена Звезда. Задар е предводен од Лука Божиќ, кој е еден од најдоминантните кошаркари сезонава, а за нас клучно ќе биде да ја сопреме нивната транзиција и скок-играта. Тоа што имаат добри резултати не значи дека се непобедливи, ние последните две гостувања ги загубивме „на една топка“, па се надевам дека ќе имаме повеќе среќа во завршниата од овој дуел“, изјави Адем Мекиќ, македонскиот репрезентативец во редовите на МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА