Контроверзниот Џон Мекинро смета дека Серена Вилијамс не треба да му се извинува на судијата за испадот и навредите што му ги кажа за време на финалето на УС Опен минатото лето. Поради непримерното однесување, Американката беше казнета со 17. 000 долари, мечот го загуби, а арбитрите се заканија дека нема да судат на нејзинитем мечеви се додека не се извини.
„Кому да се извини ? Ако лопов е најлошата работа што му ја кажа, имам многу лоши вести за сите вас. Многу играчи, вклучувајќи ме и мене на судиите сме им кажувале далеку полоши работи“ – вели Мекинро.
Легендарниот американец сепак смета дека грешка направија и Серена и судијата. Тој вели дека тренерите константно им даваат совети на играчите, а оти судијата баш во финалето на УС Опен решил да ја казни. Според мекинро двајцата направиле проблем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА