Новак Ѓоковиќ ќе излезе вечерва на мегдан со Јаник Синер во полуфиналето од Ролан Гарос, во обид да приреди сензација и да го земе скалпот на првиот носител кон досега нема загубено сет на овој гранслем турнир.
Јасно е дека младоста и моментната форма се главни адути на Синер (Италијанецот има 23 години, Новак дури 38), но Ѓоковиќ веќе има покажано дека е најопасен кога предвреме ќе го отпишат. Тениската легенда Џон Мекинро излезе со интересен став во пресрет на ова полуфинале, дека Ѓоковиќ треба да стори се за мечот да трае што подолго, по можност да биде решен во пет сета.
„Верувале или не, мислам дека Новак има поголемо шанси да слави ако мечот со Синер трае пет сета. Знам дека ќе звучи чудно ако се земе во предвид возраста на двајта тенисери, но не треба да заборавиме – Синер беше суспендиран, а мечевите по враќањето му траеја кратко. Се сомневам дека ќе биде максимално физички подготвен за пет сета атомски тенис со Ѓоковиќ, затоа и сметам дека тоа е шанса за Новак. Едно е јасно, Јаник ќе игра поагресивно од Зверев, ќе настојува да го скрати мечот… Новак од друга страна има свој хендикеп, тоа се годините… не му е лесно да се избори со тој проблем, знае дека има лимитиран број шанси до крајот на кариерата“, истакна Мекинро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

