Мекларен оваа година ја одбележува 60 годишнината од постоењето, а за неа има и посебен болид кој ќе биде на стазите во Формула 1 во новата сезона. Истиот е во портокалово-сина боја како во дебитантската година и истиот ќе го контролираат Ландо Норис и Оскар Пјастри.
Фановите се воодушевени од специфичниот изглед на болидот кој го носи името „MCL60“ и истиот доби бројни пофалби на социјалните мрежи.
Special year. Special car. 🧡
#MCL60 is ready for the 2023 F1 season! 👊— McLaren (@McLarenF1) February 13, 2023
Првиот тркачки викенд е закажан за од 3. до 5. март на ГН на Бахраин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА