Техничкиот директор на Формула 1 тимот на Мекларен, Џејмс Кеј и нивниот возач Ландо Норис веруваат дека сезонава нема да бидат брзи на „Ред бул ринг“ како минатите две сезони, но ново задно крило кое го воведоа на трката на „Силверстоун“ би требало да ги подобри перформансите на болидот.
Мекларен минатите две сезони имаше одлични трки на ГН на Австрија, а токму Норис двапати завршуваше трет и двапати петти со најбрз круг во 2020 година.
„Мислам дека минатата година брзината на правците беше наша силна страна. Мислам дека во моментов имаме осцилации на задното крило и свесни сме за тоа. Ќе пробаме да ги подобриме перформансите на нашиот болид, но не верувам дека ќе можеме да направиме нешто повеќе“, изјави Кеј.
Трката за Големата награда на Австрија која ќе се вози на „Ред бул ринг“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА