Мекларен сака своја трка во Формула 1

Формула 1 во блиска иднина може да добие уште една улична трка. Станува збор за амбициозниот план на Мекларен да изгради улична патека во Вокинг, местото во кое е сместена базата на тимот. Во текот на летната пауза во Ф1, Мекларен го претстави својот план кој го става Вокинг во рангот на уличните патеки го Монако и во Сингапур.

Проектот за патеката вклучува 18 свиоци и вкупна должина на кругот од 4.85 километри. Максималната брзина на оваа патека би била околу 314 км/ч.

ф1

„Зошто да не ја донесеме Формула 1 на улиците на Вокинг? Всушност, кога ќе ги исклучиме финансиските ангажмани околу инфраструктурата, изградбата на трибини и дозволата од ФИА, тоа и не изгледа толку тешко“ – изјави шефот на „Мекларен Технолоџи Груп“, Џонатан Нил.

Планот за Мекларен за изградба на Ф1 патека потекнува уште од 1998 година кога во Вокинг се славеше шампионската титула на Мика Хакинен.

Се вчитува...