Сензационалната канадска тинејџерка Маргарет Мекнил победи на трката на 100 метри пеперутка на Светското првенство во Гвангжу. Таа беше подобра од актуелната шампионка и светска рекоредерка Сара Сјестром од Шведска. Мекнил до победата стигна со време од 55.83 секунди што е време за нов рекорд на Америка. Бронзениот медал и припадна на Ема Мекион од Австралија. За Сјестром ова беше прв пораз на Светските првенства на 100 пеперутка од 2011 година. На вториот ден на Светското првенство во пливање во корејскиот Гвангжу на програмата беа четири финални дисциплини.
По вчерашниот светски рекорд во полуфиналето на 100 метри градно, Адам Пити денеска стигна до златниот медал во истата дисциплина со време 57.14 секунди. Доминацијата на британските пливачи ја потврди Џејмс Вилбо кој го освои сребрениот медал, додека третопласиран е Жибеј Јан од Кина. Доминацијата на 200 метри мешано во женска конкуренција ја продолжи и Катинка Хошу од Унгарија која до победат стигна со време од 2:07.53 минути, а на подиумот и се приклучија и кинеската Шивен Је и Канаѓанката Сидни Пикрем.
Калеб Дресел е нов шампион на 50 метри пеперутка, откако во финалето ја победи конкуренцијата поставувајќи нов рекорд на шампионатите (22.35 сек.). Сребрениот медал му припадна на Русинот Олег Костин, додека со бронзата Николаш Сантош.
Во полуфиналето на 100 метри грбно кај мажите, Кинезот Жиају Жу трката ја заврши со 52.17 секунди што е нов рекорд на шампионатите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА