Конор Мекгрегор нема да добие реванш против Хабиб Нурмагомедов, тврди УФЦ коментаторот Џо Роган во својот извештај околу евентуалната идна битка на двајцата борци.
Тоган тврди дека следниот кој ќе се бори со Хабиб е фантастичниот Тони Фергусон.
„Конор нема да добие реванш, а верувам дека Хабиб ќе се бори со Тони Фергусон. УФЦ не смееше да му одземе титулата на Тони. Човекот се повреди за време на прес-конференција, а шест месеци подоцна се врати и во спектакуларен меч го уништи Ентони Петис. Знам дека тој е следниот противник на Хабиб“ – вели Роган.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА