Мексиканска забава на Голд Куп: Џонатан Дос Сантос ги реши Американците во финалето

Фудбалската репрезентација на Мексико е нов првак на Средна и Северна Америка откако во финалето на Голд Куп ги сповлада Соединетите Американски Држави со 1-0, со голот на Џонатан Дос Сантос. Беше тоа мексиканска забава на американско тло, во Чикаго, и е вкупно осма титула за „сомбреросите“ во ова натпреварување.

Џонатан Дос Сантос го одлучи финаето во 74. минута кога со одличен удар со левата нога ја затресе мрежата на противникот.

За најдобар фудбалер на турнирот е избран Андрес Гвардадо, најдобар голман е Очоа, а најдобар млад фудбалер Кристијан Пулишиќ.

Се вчитува...