Мексиканскиот судија суспендиран шест месеци поради Лионел Меси (ВИДЕО)

Мексиканскиот судија Марко Антонио Ортиз Нава е суспендиран на шест месеци поради неодамнешниот непромислен гест на крајот од натпреварот меѓу Спортинг Канзас Сити и Интер Мајами.

По тој прв натпревар од плејофот на Лигата на шампионите во КОНКАКАФ, судијата побара автограм на теренот од Лионел Меси. Поради тоа против него итно беше поведена постапка, а набрзо донесена и пресуда.

Се доведе во прашање неговата пристрасност и КОНКАКАФ изрече строга казна, иако Ортиз Нава се извини за сето тоа.

Тој ќе мора да одлежи шестмесечна суспензија, со предупредување дека доколку повтори сличен прекршок, ќе биде „казнет на неограничено време“.

Сепак, олеснителна околност е што тој ќе може да продолжи да суди во мексиканската Лига МХ, иако и тоа натпреварување е под капата на конфедерацијата КОНКАКАФ.

Се вчитува...