Мексиканците преку Хаити до финалето на Голд Куп

Фудбалската репрезентација на Мексико по деветти пат ќе се бори за титулата на Голд купот, откако во полуфиналниот дуел против Хаити славеше со минимални 1-0. Дури по продолженија, Мексиканците го скршија отпорот на противникот. Победничкиот погодок го постигна Раул Хименес од пенал во третата минута од продолжението.

Мексико во финалето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу САД и Јамајка.

Се вчитува...