Мексико и САД ќе играат во финалето на Голд Купот

Актуелниот шампион Мексико ќе биде домаќин на САД во финалето на Голд Купот, првенството на Северна и Централна Америка.

Мексиканците во полуфиналето го победија Хондурас со 1-0, додека Американците беа подобри од Гватемала – 2-1.

Бранителите на титулата стигнаа до финалето со голот на Раул Хименез во 50-тата минута.

 Американците се пласираа во финалето под водство на Диего Луна. Играчот на Реал Солт Лејк ги постигна двата гола, во 4-тата и 15-тата минута. Олгер Ескобар го постигна единствениот гол за Гватемала во 80-тата минута.

Финалето ќе се игра рано наутро во понеделник, во 1 часот по полноќ по македонско време.

Се вчитува...