Мексико остана без првиот голман за СП, легендата доаѓа за спас

Мексиканската репрезентација се соочи со огромен проблем на неколку месеци пред стартот на СП 2026 окако Анхел Малагон, кој беше сигурна прва опција на голманската позиција, заработи тешка повреда.

Одличниот чувар на мрежата ја скина тетивата на ногата и нема да може да се врати на терените до крајот на 2026 година, а поради новонастанатата ситуација големи се шансите свој камбек во репрезентацијата да има Гилјермо Очоа.

Искусниот голман има 40 години и настапува за кипарскиот АЕЛ Лимасол, тој со години не е дел од репрезентацијата, но план на селекторот е Очоа да биде повикан за контролите во март.

Доколку ги задоволи вкусовите на стручниот штаб, овој чувар на мрежата ќе се најде и на финалниот мундијалски список, со што ќе има можност да настапи и на шесто светско првенство во дресот на Мексико.

Се вчитува...