Мексико достави официјална кандидатура за Летните олимписките игри во 2036 година, се вели во заедничката изјава на Министерството за надворешни работи на земјата и Мексиканскиот олимписки комитет (КОМ).
Министерот за надворешни работи Марсело Ебрар рече дека на 30. ноември ќе го објават Комитетот за промоција на игрите, како прв чекор во процесот.
„Ние се гледаме себеси како успешна и амбициозна земја. Ние сме единствената земја која ќе биде домаќин на три Светски првенства во фудбал, ние сме силна земја со една од најдобрите економии во светот“, изјави Ебрар.
Мексико Сити беше домаќин на игрите во 1968 година. Претседателката на КОМ, Марија Хозе Алкала, рече дека Мексико се разгледува како кандидат од јули, кога претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах испрати писмо во кое изрази ентузијазам за потенцијална понуда.
It would be the second time that the Latin American nation hosts the Summer Games. The 1968 #Olympics were held in Mexico City, at an altitude of 2,240 meters (7,350 feet) above sea levelhttps://t.co/uJrQrhTyjE
— News18 Sports (@News18Sports) October 27, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА