Португалија и Мексико ремизираа 2-2 во вториот натпревар од групата А од Купот на Конфедерации, во меч во кој Португалците два пати водеа, но сепак не успеаја да стигнат до триумф. Новиот фудбалер на Рома, дефанзивецот Хектор Ромеро, беше херојот на Мексико постигнувајќи го израмнувачкиот погодок во судиското продолжение.
Мексиканците подобро го почнаа натпреварот, со пресинг изненадувајќи го европскиот првак во првите петнаесетмина минути. Сепак, Португалија потоа ја консолидираше својата ига, па на средината од првото полувреме постигна и гол преку Андре Гомеш, но истиот беше поништен преку ВАР технологија, откако по повтореното прегледување на снимката беше утврдено дека на почетокот од акцијата двајца португалки фудбалери се наоѓале во офсајд.
Европските шампиони сепак дојдоа во водство десетина минути подоцна, откако Роналдо фантастично меѓу тројца противнички фудбалери го проигра Кварезма, кој со финта се ослободи од голманот Очоа пред да ја затресе празната мрежа. Кварезма потоа имаше уште една убава шанса, повторно на додавање на Роналдо, но овојпат обидот на фудбалерот на Бешикташ беше за малку непрецизен.
Мексико израмни на 1-1 пред крајот на полувремето, кога Вела одлично нафрли, а Чичарито со глава го совлада Руи Патрисио. Второто полувреме донесе израмнета игра, а најголемите возбудувања ги проследивме во последните десет минути. Најпрвин Очоа му одбрани зицер на Андре Силва, но мексиканскиот голман беше немоќен при обидот на Седрик, кој од близина ја смести топката во неговата мрежа.
Мексиканците по примениот гол тргнаа во офанзива, промашија една шанса, за Морено во последен час да се најде на вистинско место во вистинско време и да го постигне израмнувачкиот погодок.
Само за потсетување, вчера во првиот натпревар од оваа група Русија го совлада Нов Зеланд со 2-0.
Ricardo Quaresma Goal HD – Portugal 1-0 Mexico… by Football–Live
Javier Hernandez Goal Portugal 1 -1 Mexico by esprit-foot
2-1 Cédric Goal – Portugal 2-1 Mexico 18.06… by GSBN
Goal Moreno H. (2:2) Portugal vs Mexico by ylberenexhipi
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА