Мексико ќе остане уште три години во Ф1 календарот, откако беше постигнат договор следната сезона да има рекордни 22 трки во најбрзиот циркуз во светот.
Големата награда на Мексико се врати во Формула 1 во 2015 година по пауза од 23 години. Сепак, иднината на трката беше под знак прашалник бидејќи власта во Мексико не беше сигурна дали вреди да се трошат средства за трката.
Нови трки од 2020. година ќе има во Виетнам и Холандија, а следната сезона најверојатно нема да има Гран-при на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА