Наполи во седмото коло од Калчо-лигата стигна до својата петта победа, славејќи на домашен терен против Комо со 3-1 за зацврстување на лидерската позиција на табелата. Ова е шести меч без пораз во низа за тимот на Антонио Конте, кој го остави зад себе разочарувачкото прво коло во Верона и се наметнува како сериозен кандидат во трката за титулата.
Вечерашниот дуел ќе биде запаметен по погодокот на Скот Мектоминеј, што шкотскиот репрезентативец го постигна по само 26 секунди игра. „Наполитанците“ потоа се повлекоа и се обидоа тактички да го бранат резултатот, но пасивноста им се удри од глава кога Стрефеца постигна прекрасен погодок од дваесетина метри и израмни пред крајот на првото полувреме.
Вториот дел почна со пенал за „сино-белите“ по што Лукаку го врати Наполиво водство, а белгискиот ас го комплетираше одличното издание со уште една асистенција, овојпат до Нерес кој биеше прецизно за 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА