Мектоминеј го води Наполи кон шампионското скудето

Наполи направи голем чекор кон шампионската титула во Серија А откако вечерва славеше со 2-0 над Торино, со што тимот на Антонио Конте максимално го искористи „киксот“ на Интер и сега има три бода предност во однос на „нероаѕурите“ на четири кола до крајот на трката за скудетото.

„Наполитанците“ влегоа максимално мотивирани во натпреварот, целата работа завршувајќи ја во првото полувреме. Херој беше Скот Мектоминеј, кој беше стрелец на победничкиот гол минатиот викенд во Монца, а шкотскиот ас вечерва ги постигна двата гола за триумф и над Торино. Двата погодоци беа идентични, по акции од десната страна и повратна топка кон срцето на шеснаесетникот, каде Мектоминеј стигна пред својот чувар и два пати го надмудри голманот Милинковиќ – Савиќ.

Елиф Елмас беше старт за Торино на овој дуел, но македонскиот репрезентативец немаше забележителен ефект против својот поранешен клуб.

Во следното коло од Серија А тимот на Наполи му гостува на Лече, додека Интер ќе биде домаќин на Верона.

Аталанта во последниот меч од вечерашната програма одигра само 1-1 на домашен терен против Лече.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...