Мектоминеј и Лукаку го торпедираа Емполи

Наполи им се врати на победите во Серија А и ја продолжи битката за титула со Интер откако во последниот натпревар од 32. коло славеше на домашен терен против Емполи со убедливи 3-0 благодарение на двоецот Мектоминеј – Лукаку.

Мектоминеј во 18. минута донесе предност од 1-0 за својот тим со обид надвор од шестнаесетникот, а резултатот 1-0 остана на семафорот до полувремето. Во 56. минута Лукаку го постигна вториот гол за домаќините, a Мектоминеј ги реши сите дилеми за победникот со својот втор гол во 61. минута на нова асистенција на Белгиецот.

 

Се вчитува...