МекТоминеј: Не сум навикнат на „мек“ фудбал

Скот МекТоминеј за брзо стана миленик на навивачите на Наполи прикажувајќи врвна форма за италијанскиот клуб.

Шкотскиот репрезентативец даде опширно интервју за „Corriere dello Sport“ каде меѓудругото говореше и за квалитетот на денешниот фудбал.

„Мислам дека фудбалот постанува мек, премногу мек. Некои одлуки се многу, многу „благи“. Не сум навикнат на тоа. Додека растев не учеа да влегувме во дуели со поштено и цврсто. Денеска и најмалиот контакт може да значи жолт картон… Не е мое да судам, но мислам дека на се многу се пази. Се стана преосетливо“, изјави МекТоминеј.

МекТоминеј додаде и дека е пресреќен во Наполи, како навивачите го прифатиле и нивниот менталитет кој е сличен со оној на неговите сограѓани.

Како и тоа дека сака да остане во клубот и во иднина и не размислува за промена на средината.

Се вчитува...